Инфо

Скопје во јуни ќе го добие првиот Retail Park

На местото на некогашана „Типо“ во Чаир, на површина од 9.500 квадрати ќе бидат лоцирани Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“

четврток, 31 јануари 2019

Скопје за неколку месеци ќе добие својот прв Retail Park каде по примерот на европските градови ќе бидат лоцирани познати модни брендови, како и продавници за техничка стока, покуќнина и мебел. Паркот се наоѓа во општината Чаир, на местото на некогашната фабрија „Типо“ позициониран на достапна локација помеѓу два булевари.

На површина од 9.500 квадратни метри купувачите ќе можат да пазаруваат во „Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“. Планирано е во паркот да има и супермаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца, како и паркинг простор за над 300 возила.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер. Интересот за закуп на простор во паркот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето“, изјави Катарина Николов од Cushman and Wakefield/FortonМКА кои се екслузивен агент за изнајмување.

Инвеститор на објектот е компанијата „Али Тобако“ од Скопје, а отварањето се очекува да биде во јуни.

 

Содржината е прочитана 190 пати.