Инфо

Global Game Jam Македонија 2019 ќе се одржи од 25 до 27 јануари

На Global Game Jam Македонија 2019 се очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје и во Битола. За нив ќе има обезбедено непрекинат интернет пристап, храна и грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор

среда, 23 јануари 2019

Седмиот по ред маратон во правење игри Global Game Jam Македонија 2019 ќе се одржи од 25 до 27 јануари во Скопје и во Битола. Организатор на овој најголем интернационален настан за креирање игри што се одржува еднаш годишно истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон, е Македонската асоцијациа за развивање игри – МАГДА.

Како дел од International Game Developers Association (IGDA),настанот има за цел да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

„Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје и во Битола. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, храна и грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 3.000 луѓе за време на отворањето и затворањето, како и во текот на настанот“, велат од МАГДА.

Оттаму појаснуваат дека учесниците на #ggjm19 се професионалци и студенти од ИТ-индустријата. На настанот ќе се среднат:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд инженери, гејм дизајнери и продуценти
• Високо мотивирани трендсетери и идни лидери во ИТ индустријата
• Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
• 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
• Сите поседуваат high-end ИТ технологија (лаптопи, таблети, паметни телефони)
• Тие се почитувани членови на online заедницата во Република Македонија

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа речиси 1.500 учесници - професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и да остваруваат контакти. Досега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на web страницата: http://gamejam.mk

 

 

Содржината е прочитана 277 пати.