Инфо

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за 3,5 денари од литар

понеделник, 21 јануари 2019

Од ноќеска на полноќ повторно голем скок на цените на горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за четити денари од литар, одлучи денеска Реулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 61,00 денар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,00, литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 58,50, а Екстра лесното масло за домаќинство 47,50 денари.

За 3,573 денари поскапува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 29,522 денари.
 

Содржината е прочитана 201 пати.