Инфо

Скопјани може да аплицираат за субвенции за печки на пелети

Град Скопје го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на печки на пелети, во висина од 70 отсто од трошоците за набавка на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство

понеделник, 21 јануари 2019

Град Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните за набавка на печки на пелети.

За да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, односно, печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства пред крајниот рок на јавниот повик, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Заинтересираните граѓани може да го погледнат Јавниот повик на следната интернет врска:
http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Javen%20povik%20pecki%20na%20peleti%202019.pdf, додека барањето може да го превземат од следната интернет врска: https://docs.google.com/document/d/1cz_WVbVe_2hOYLaOev9sFjQ_5c2O4xW_LqT2DgWLA0o/edit, а барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може интернет врската:
https://docs.google.com/document/d/1cz_WVbVe_2hOYLaOev9sFjQ_5c2O4xW_LqT2DgWLA0o/edit

 

Содржината е прочитана 229 пати.