Инфо

Од следната недела пак ќе се плаќа паркирањето спроти „Холидеј Ин“

На просторот ќе бид епоставена рампа и и ќе почне да се наплаќа и тоа според цените што важеа претходно

четврток, 17 јануари 2019

Од следната недела атрактивната локација спроти „Холидј Ин“ повторно ќе биде паркинг простор. Ќе биде поставена рампа и ќе почне да се наплаќа и тоа според цените што важеа претходно.

Со паркингот ќе стопанисува фирмата „МГ Фешн“ на бизнисменот Зоран Антиќ кој за ТВ 24 вели дека со враќање на старата намена на локацијата, целта е да се регулира паркирањето на просторот каде моментално владее вистински хаос.

„Идејата ни е за да го спречиме овој хаос што е тука, самоволието на граѓаните кои паркираат каде ќе најдат, за да ставиме ред. Во текот на следната недела ќе поствиме рампи. Цената ќе биде во рамките на постојните цени кои ваеа на овој паркинг“, вели за ТВ 24 Илија Божиновски, управител на „МГ Фешн“.

Оттаму додаваат дека се работи за привремено решение, се додека не биде добиена дозволата за градење откако Општина Центар го симне мораториумот што ја зафаќа и оваа локација.
 

Содржината е прочитана 151 пати.