Инфо

Електронските картички „Скопска“ со нов дизајн

Новодизајнираните персонализирани и неперсонализирани електронски картички имаат холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба

четврток, 10 јануари 2019

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Новодизајнираните електронски картички имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.

Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички.

Од ЈСП велат дека идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои претпријатието ќе ги реализира во текот на годинава, како штое набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.

„ЈСП планира во текот на април да воведе и електронски билет за едно возење, а од јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги. Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето“, се вели во соопштението од ЈСП.

 

Содржината е прочитана 251 пати.