Инфо

Владата почна преговори за намалување на штетата од арбитражниот спор со Хеленик Петролеум

Отштетното побарување на грчката компанија за период од 2008 до крајот на 2011 година изнесува 32 милиони долари

среда, 09 јануари 2019

Влада почнува преговори за да се најде решение со кое ќе ја намали потенцијалната штета врз буџетот, доколку државата го загуби арбитражниот спор што го води со Хеленик Петролеум поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година. Отштетното побарување на грчката компанија за овие четири календарски години изнесува 32 милиони долари.

„Арбитражната постапка е покрената за 2011 година, затоа што тоа е последната година кога ’Окта’ работи како рафинерија. По таа година не работи веќе како рафинерија. Затоа ова ќе биде последна ваква постапка. Она што е важно е дека во моментот Владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на буџетот на Република Македонија, што е резултат на нешто направено од претходните влади“, појасни владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Според договорот што во 1999 година го склучи тогашната македонска Влада со „Окта“, Македонија се обврзува да набавува 500 илјади тони мазут годишно. Оваа штетна обврска, како што рече Бошњаковски е преземена за период од 20 години и истекува во мај 2019 година. Но, државата не ја исполнила својата обврска, за што Хеленик Петролеум сега бара оштета.

Инаку, Македонија веќе има изгубено еден арбитражен спор со Хеленик Петролеум кој се однесувал за . Во 2007 годинеисполнети обврски за период од 1999 до. Тогаш требало да плати 86 милиони долари, но по порамнување, државата платила 40 милиони долари.

 

Содржината е прочитана 162 пати.