Бизнис вести

Теодулос Скордис поднесе оставка од директорската позиција во Стопанска банка

среда, 09 јануари 2019

Генералниот директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка, соопшти Стопанска банка преку Македонска берза.

Засега не се објавени никакви детали за причините за оставката ниту, пак, има најава за тоа кој ќе го замени.

Скордис во Стопанска банка Скопје е од 2009 година како директор за кредитен ризик, а од 2010 година е генерален директор за корпоративно работење.

 

Содржината е прочитана 220 пати.