Бизнис вести

Светска банка: Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,9 отсто

Највисок раст во регионот ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто

среда, 09 јануари 2019

Раст од 2,9 проценти ќе забележи македонската економија годинава, а во наредната растот ќе биде 3,2 отсто. Во 2021 година, пак, економијата ќе порасне за 3,3 проценти, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај.

Минатата, 2018 година, според проценките на Баната, економијата во Македонија имаше раст од 2,5 отсто.

Според предвидувањата на Банката, македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот. Највисок раст во регионот ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто, а потоа следуваат економиите на Албанија (3,6), на Србија (3,5) и БиХ (3,4 проценти).

Светска банка предвидува дека глобалната економија ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година, по што ќе има мал пад во наредните две години на 2,8 отсто.
 

Содржината е прочитана 128 пати.