Инфо

Горивата поевтинуваат за 2,5 до 3 денари од литар

вторник, 08 јануари 2019

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 односно за 3 денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со Методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5,51 проценти.

Тоа значи дека литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 58,50 денари, а ЕУРОСУПЕР-98 по 60,50 денари. Еден литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), пак, ќе чини 55 денари.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се продава по цена од 43,5 денари за литар.
 

Содржината е прочитана 146 пати.