Инфо

ЈП ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за Божикните празници

петок, 04 јануари 2019

По повод претстојните Божикни празници, на 6 и на 7 јануари ќе може да се паркира бесплатно на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Од ПОЦ информираат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата на претпријатието ќе продолжи на 8.01.2019 година (вторник) со вообичаено работно време.
 

Содржината е прочитана 259 пати.