Бизнис вести

Извозот зголемен за 22,4 отсто, увозот за 18,8 проценти

Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември 2018 година изнесува 1.942.213 илјади американски долари, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,7 отсто

петок, 04 јануари 2019

Во 11-те месеци од минатата година извезена е стока од Македонија во вкупна вредност од 6.357.186 илјади американски долари, што претставува раст од 22,4 проценти во однос на истиот период претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на увeзената стока во периодот јануари-ноември 2018 година изнесува 8.299.399 илјади американски долари, што е за 18,8 отсто повеќе во споредба со истиот период 2017. Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември 2018 година изнесува 1.942.213 илјади американски долари, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,7 отсто.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Најмногу се увезувале платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во периодот јануари – ноември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

 

Содржината е прочитана 128 пати.