Инфо

Нема да се зголемат цените на патарините во Грција од 1 јануари

четврток, 27 декември 2018

Најавеното покачување на цените на патарините на автопатот „Игнација“ во Грција нема да стапи во сила од 1 јануари, бидејќи се уште не постои одобрение од Европска комисија, изјави директорот на „Игнација“,Апостолос Антонудис, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕК се уште не ја одобрила заедничката министерска одлука потпишана летово од министрите за финансии и транспорт на Грција за покачување на цените на автопатот во Северна Грција што ги поврзува Еврос и Игуемница, поради што од 1 јануари 2019 година, цените остануваат исти.

Со одлуката на грчката Влада беше предвидено да се зголемат од 66 отсто до 150 отсто цените на патарините.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 191 пати.