Инфо

На 2 јануари градинките ќе работат со дежурства

четврток, 27 декември 2018

Откако Владата одлучи втори јануари да го прогласи за неработен ден за вработените во јавната администрацијата, а на приватниците им препорача да го следат примерот, се создаде револт кај вработените во приватниот сектор. Голем дел од газдите не го прифатија предлогот и одлучија среда, сепак, да биде работен ден, кај родителите се јави потреба од згрижување на нивните деца поради тоа што градинките нема да работат на 2 јануари.

Но, од Министерството за труд и социјална политика најавуваат дека градинките на втори јануари ќе работат со дежурства.

„Со оглед на тоа дека на втори јануари е можно да биде работен ден за приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, ги информиравме градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Потребно е благовремено да ги известите родителите во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата“, велат од Министерството.

Од Владата појаснуваат дека здравствените работници и останатите служби кои функционираат по принцип на дежурства, така и ќе работат на 2 јануари.
 

Содржината е прочитана 137 пати.