Инфо

Изменет возен ред на јавниот градски превоз по повод Новогодишните и Божикните празници

четврток, 27 декември 2018

По повод Новогодишните и Божикните празници автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат со изменет возен ред од вообичаениот.

Од ЈСП информираат дека на 31. декември, понеделник, автобусите ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред, додека на 1. и на 2. јануари, во вторник и среда, автобусите ќе возат по неделен возен ред. По истиот возен ред ќе возат и на 7 јануари, Божик.

Од 3. јануари автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат вообичаено со делничен возен ред, но, сепак, редуцирано, со оглед дека ќе биде почнат училишниот распуст и така ќе возат се додека трае распустот.

Ноќните линии на јавниот превоз на 31. декември (понеделник према вторник) и на 1. јануари (вторник према среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

Изменето работно време ќе има и жичарницата на Водно, која во вторник на 1. јануари ќе почне со работа од 11 часот. На 31. декември жичарницата нема да работи, со оглед дека секој понеделник и последен вторник во месецот се врши редовен сервис на објектот.

„Поради технички проблем на веб страницата на ЈСП, информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224“, информира ЈСП.

 

Содржината е прочитана 196 пати.