Бизнис вести

Прогласени највредните светски брендови за 2018

Највреден бренд годинава е Apple со вредност проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16 проценти повеќе отколку минатата година

среда, 26 декември 2018

Apple е рангиран на прво место на официјалната ранг листа што традиционално ја објавува „Interbrand“ и е највреден бренд во 2018 година со вредност проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16 проценти повеќе отколку минатата година.

На второ место е Google, чија вредност од 155,5 милијарди долари е за 10 отсто зголемена во споредба со лани, а трета на ранг листата се најде компанијата Amazon, со проценета вредност од 100,7 милијарди долари, што е дури 56 проценти повеќе од 2017 година.

Понатаму следат Microsoft со вредност проценета на 92,7 милијарди долари, што е зголемување од 16 отсо, па Coca Cola која со намалена вредност од 5 отсто сега вреди 66,3 милијарди долари и Samsung со вредност од 59,8 милијарди долари што претставува зголемување за 6 проценти во однос на претходната година.

Toyota со вредност од 53,4 милијарди и зголемување од 6 отсто е на седмо место, ја следи Mercedes со 48,6 милијарди, а на 10 место е Facebook со вредност проценета на 45,1 милијарди и намалување од 2 отсто во однос на лани.

 

Содржината е прочитана 178 пати.