Инфо

Горивата поевтинуваат за половина денар

понеделник, 24 декември 2018

Горивата од ноќеска на полноќ ќе имаат за половина денар пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Така, со новата одлука, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 63 денари за литар.

Дизелот, пак, од ноќеска на полноќ ќе се продава по 46,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 28,176 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 126 пати.