Инфо

УЈП со дополнителни шалтери за регистрација на е-пдд системот

Регионалните дирекции на УЈП работат со продолжено работно време и во саботите

среда, 19 декември 2018

На 31 декември завршува рокот за регистрација на системот е-Персонален данок. Поради тоа УЈП ги потсетува граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, да го сторат тоа.

Покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, УЈП отвори и дополнителни шалтери лоцирани во општина Ѓорче Петров - во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и во општина Аеродром - во општинската зграда на втори кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 8 до 18 часот.

УЈП има дополнителни шалтери и во општина Кисела Вода – во барака број 4, во општина Гази Баба - барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и во општина Чаир. Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 8 до 16 часот.

„Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и во Битола работат од 7 до 21, 30 часот и со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен на 31 декември, кога ќе бидат отворени до 16,30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и на 29 деекмври со работно време од 8 до 14 часот“, информираат од УЈП.

Распоредот на вонредниот возен ред на „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата нема постојани даночни канцеларии, може да се види на линкот http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400

 

Содржината е прочитана 136 пати.