Бизнис вести

Доделени наградите „Претприемач на годината“

Најдобрите претприемачи се избрани во конкуренција од 112 претпријатија, од кои 70 се мали и 42 микро претпријатија

вторник, 18 декември 2018

Ваљон Купа од „Евита груп“ од Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ од Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ од Скопје во категоријата микро претпријатија се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

Најдобрите претприемачи се избрани во конкуренција од 112 претпријатија колку што влегоа во потесниот избор од вкупно 70.000 активни деловни субјекти во Македонија. Од нив, 70 се мали и 42 микро претпријатија кои ги исполнуваат неопходните четири услови: во последните три години да бележат раст на бројот на вработените, раст на приходите, на добивките и на инвестициите.

Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска и Лазар Неданоски од Македонската развојна фондација за претпријатија.

 

Содржината е прочитана 246 пати.