Инфо

„Тинекс“ отвори онлајн продавница

E-Tinex продавницата располага со асортиман од 6.000 производи поделени во 22 групи кои опфаќаат различни категории производи. Доставата е бесплатна за нарачки над 2.501 денари, додека за поевтини нарачки секоја достава се наплаќа од 40 до 10 денари во зависност од износот на нарачката

вторник, 18 декември 2018

Синџирот маркети „Тинекс“ ја отвори својата прва електронска продавница E-Tinex, најсовремена онлајн продавница за малопродажба во Македонија, со широка понуда на производи достапни за купување од дома или било која друга локација.

Во е-продавницата може да се најде сè што е достапно и во супермаркетите, но производите ќе бидат испорачани дома. E-Tinex продавницата располага со асортиман од 6.000 производи поделени во 22 групи кои опфаќаат различни категории производи -основни производи, овошје и зеленчук, месо и сувомеснати производи, млечни производи, готови јадења, средства за хигиена и чистење, производи за домот...

Доставата е бесплатна за нарачки над 2.501 денари, додека за поевтини нарачки секоја достава се наплаќа. Висината на наплатата зависи од износот на нарачката, па така, за нарачка во износ од 900 денари се доплаќа 100 денари, а за нарачки од 901 до 2.500 денари доставата чини 40 денари.

Електронската продавница им овозможува на членовите на „Мој Тинекс“ програмата за лојалност да собираат и користат поени и при секое онлајн пазарење, преку поврзување на нивната поен+ картичка со корисничкиот профил.

Засега, доставата на производи ќе се врши само на територија на Скопје, но од компанијата најавуваат дека постои можност за проширување на дистрибутивната мрежа во иднина, во зависност од побарувачката и интересот на нивните купувачи од останатите градови.

 

Содржината е прочитана 160 пати.