Инфо

Највисок животен стандард има во Луксембург и во Германија, Македонија и БИХ се на претпоследно место

понеделник, 17 декември 2018

Во Луксембург и во Германија граѓаните имаат највисок животен стандард во ЕУ, додека најнизок во Унгарија, Хрватска и во Бугарија, покажува истражувањето на „Еуростат“, според кое само десет земји од Унијата во 2017 година биле над европскиот просек.

Вакво истражување било спрoведено и во земјите кои не се членки на ЕУ и притоа Македонија е позиционирана на претпоследното место кое го дели со БиХ според потрошувачката по глава на жител.

Највисоко ниво на реална потрошувачка по жител, изразена преку паритет на куповна моќ, бележи Луксембург со 30 отсто над просекот на ЕУ, а потоа е Германија со стандард кој е поголем за една петина од просекот на Унијата.
Пота следуваат Австрија, Данска и Велика Британија, кај кои реалната потрошувачка по жител во 2017 година се движела меѓу 15 до 20 отсто над просекот на ЕУ. Во Белгија, Финска, Холандија, Шведска и во Франција потрошувачката била 10 проценти над европскиот просек.

Најниско ниво на потрошувачка во жител, повеќе од 30 отсто под европскиот просек има во Романија, Литванија, Хрватска, Унгарија и Бугарија.

Во Хрватска вистинската потрошувачка по жител мерена со паритет на куповната моќ минатата година изнесувала 38 отсто под просекот на ЕУ.

 

Содржината е прочитана 182 пати.