Инфо

Сајтот grouper.mk. е најдобриот сајт за 2018 година

Дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“ девета година по ред го организира изборот „Сајт на годината“ во кој македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови во различни категории

петок, 14 декември 2018

Близу 7.000 интернет посетители од Македонија го избраа grouper.mk. за најдобар сајт за 2018 година на деветиот по ред избор „Сајт на годината“. Манифестацијата се одржува во организација на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“ која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, а со поддршка на „Кожувчанка“ од Кавадарци.

Во присуство на околу 150 гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, вчера во ЕУ Инфо Центарот беа прогласени и им беа доделени наградите „Сајт на годината за 2018 година“ на најдобрите сајтови во повеќе категории.

Така, grouper.mk е прогласен и за најдобар мобилен сајт, vrabotuvanje.com.mk за најдобар корпоративен сајт, а cashbackworld.com/mk го освои првото место во категоријата Е-трговија и огласи.

Во делот на Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување најдобар е сајтот nlb.mk, во категоријата IT и Електроника првото место го освои It.mk, во категоријата Образование, Наука и Култура сајтот
teachhoot.com., а во Туризм и Угостителство exploringmacedonia.com. За најдобар сајт за владини/државни институции е прогласен angelsajce.mk, додека Најдобар сајт за невладини организации е ckrm.org.mk.

Сајтот gotvi.mk е прогласен за најдобар во категоријата Храна и Здравје, femina.mk го освои првото место во категоријата Мода и Убавина, а за најдобра мобила апликација е прогласна MojVozduh. Најдобар блог е
blog.literatura.mk, најдобар сајт за забава е fn.mk, додека за вести и информации првото место му припадна на сајтот bizniskatalog.mk.

Во категоријата Спорт наградата ја однесе сајтот gol.mk, а во Автомобилизам automakedonija.com.mk.

„’Сајт на годината’ низ годините прерасна во престижна манифестација која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото. Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата“, велат од организаторот на манифестацијата, дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“
 

Содржината е прочитана 352 пати.