Инфо

Папата ќе ја посети Македонија во мај

четврток, 13 декември 2018

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск ќе ја посети Македонија. Владата соопшти дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година. Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија.

„Папата ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза“, велат од владината прес-служба и додаваат дека целата програма за посетата ќе биде дополнително објавена.

Минатиот месец италијанските медиуми ја објавија веста за посетата на папата во земјава, но досега немаше потврда од страна на католичката црква и од македонските власти.

Пред да дојде во Македонија, папата ќе оствари апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај и ќе ги посети градовите Софија и Раковски.
 

Содржината е прочитана 186 пати.