Инфо

Владата предлага 2,5 пати помали казни за малите фирми

четврток, 13 декември 2018

Владата ќе ги намали казните за граѓаните и за фирмите. За 75 отсто пониски глоби за физичките лица, а 2,5 пати помали казни за малите фирми предвидува Предлог-законот за прекршоци што беше усвоен вчера на владина седница.

„Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите, ниту ќе го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, Предлог-законот предвидува и опомена заради превенција“, соопшти владината прес-служба.
 

Содржината е прочитана 181 пати.