Бизнис вести

Странските инвеститори во Македонија се соочуваат со непредвидлива бизнис клима

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ја промовираше најновата Бела книга со препораки до Владата

среда, 12 декември 2018

Недостаток на квалификуван кадар, непредвидлива бизнис клима, често менување на законите, недоволно инвестиции во инфраструктурата, се дел од забелешките и проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори во земјава. Тие на македонската Влада и препорачаа да ги забрза реформите.

„Реформите се неопходни за земјата, но не можете да ги направите за еден ден, од денеска за утре, тоа е невозможно. Можете да направите само чекор по чекор и со континуирана работа да се искачувате на планината, која е голема и за да стигнете на врвот ве чека голем пат“, рече Штефан Петер, претседател на Советот за странски инвеститори при Сопанската комора на Македонија на денешната промоција на Белата книга во која се содржани препорки до Владата како да се подобри деловната клима во државата.

Премиерот Заев, пак, потенцираше дека клучно за предвидливоста и за подобрување на бизнис климата е членството во Европската унија и НАТО, но оти политичката и регионалната стабилност с основниот предуслов за економски развој на една држава.

„Интеграцијата во Европската унија и НАТО се многу сериозна работа. Не случајно земјата уште од самата самостојност е фокусирана на тоа и еве конечно го доживуваме времето кога успеавме. Ние ќе бидеме членка на НАТО, покана имаме. Дел од она на што е фокусирана Македонија се реформите кои често се врзуваат нашиот интеграциски процес. Но, во суштина, поважната причина е дома – независност на судството, владеење на правото, транспарентност, предвидливост, безбедност. А, политичката стабилност е основната база за било какви предвидувања и храбти одлуки за деловната заедница во Македонија“, рече Заев.

Домашните стопанственици имаа јасни барања. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески смета дека Македонија, како мала држава мора да биде извозно ориентирана и да се насочи кн реиндустријализацијата, зашто само така економијата може да се придвижи напред.

„Треба да се инвестира и државата да помогне на тие што се оспособени најбрзо да испорачаат работни места и инвестициона активност. Ако сакаме да добиеме сите“, рече Азески. 

Содржината е прочитана 202 пати.