Инфо

Бензините поевтинуваат за 1,5, дизелот за 2,5 денари по литар

понеделник, 10 декември 2018

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 4,01 проценти, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката, цените на бензините се намауваат за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар

Со намалувањето, малородажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 ќе изнесува 61,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР-98 63,50 денари литар.

Од полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) ќе чини 58,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 47,00 денари.

Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,789 денари и еден килограм ќе се чини 30,037 денари.
 

Содржината е прочитана 170 пати.