Бизнис вести

Се предлага плаќањата меѓу фирмите да ги контролира пазарната инспекција, а не УЈП

Измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина се уште се прецизираат, а во меѓувреме е најавена и консултација со бизнис секторот

четврток, 06 декември 2018

Плаќањата меѓу фирмите да ги контролира Државниот пазарен инспекторат, а не УЈП, се предлага со најавените измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина.

Од Минстерството за финансии велат дека УЈП е надлежна за утврдување, контрола и наплата на даноци или јавни давачки, а постапката за надзор над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола и со неа не се утврдува данок или јавна давачка.

Надлежните појаснуваат дека со предложените законски измени, исто така се врши и усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ. Усогласувањето е во делот на презицирање дека условите од договорот не се значително неправедни и нефер кон доверителот, како и во делот на надоместокот за доцнење при исполнување на парични обврски.

Деталите околу најновите законски измени се уште се прецизираат, но, сепак, надлежните највуваат и консултација со бизнис секторот околу предлозите.
 

Содржината е прочитана 42 пати.