Бизнис вести

Наградата „Најжена на 21.век“ за Лидија Трипуноска - потврда за континуитетот и оригиналоста на проектите на „Марили“

Како претставник од Македонија, Трипуноска ја освои оваа престижна титула во конкуренција на повеќе компании од областа на маректингот од државите во регионот

четврток, 06 декември 2018

Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“ е добитник на наградата „Најжена на 21. век“ како претставник од Македонија во рамки на манифестацијата „Најжена и Најмаж на 21.век“ која се одржа на 30 ноември во Белград, Србија. 

За својата долгогодишна континуирана работа и оригиналноста и автентичноста на маркетиншките проекти, Трипуноска ја освои оваа престижна титула во конкуренција на повеќе компании во областа на маркетингот од државите во регионот.

„Огромно задоволство е да се добие награда за проекти што ги работите посветено речиси четврт век. Наградата е потврда за долгогодишните ангажмани на сопствените идеи кои на ваков начин се вреднувани и респектирани надвор од границите на сопствената земја. Тоа ве прави свесни дека континуитетот и долготрајноста напрвиле промена во општеството во однос на квалитетот во дејноста во која работите. Особено ми е драго што големата поддршка што ја дава ’Марили’ за афирмација на жената во бизнисот, како и за сите други проекти посветени на жените, на ваков начин се препознаени, признати и верификувани и пошироко во регионот“, вели Лидија Трипуноска.

Интернационалната манифестација „Најжена и Најмаж на 21. век“ што ја организира агенцијата „Аирли-Ново“ од Белград, годинава одбележа полнолетство, 18 години и додели вкупно 20 признанија на успешни жени и мажи од различни дејности: јавен сектор, претприемништво, бизнис, медицина, образование, култура, естрада, медиуми... од Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Како што наведуваат организаторите, признанијата одат во рацете на бизнис личности за нивните извонредни резултати во работењето и препознатливоста на пазарот. Наградите им се доделени на поединци за квалитетот и стандардите во работењето со кои можат да конкурираат на светстки брендови. 

Овој проект го оправдува епитетот на исклучителен маркетиншки настан во овој дел од Југоисточна Европа и како што велат организаторите, „Ова е приказна за нив, најжените и најмажите – за тоа како нивното име станало синоним за професијата со која се занимаваат“.

„Секоја од моите манифестации има свој личен печат. Во годиниве растевме и се развиваме, се менуваа сферите кои ги наградувавме и независно од техничките промени на објектите каде се одржуваше настанот, стојам позади тоа дека сите добитници дале печат на своето време низ своите кариери. Што се однесува до регионот, јас го следам низ лични контакти и јавни објави, секоја препорака од страна е добредојдена, а доаѓа преку анкетен лист на социјалните мрежи и тоа е патот преку кој е проширен дијапазонот на добитниците од држави надвор од Србија. Синергијата е заеднички именител на сите извонредни бизнис луѓе“, истакна госпоѓа Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ, идеен творец и организатор на манифестацијата „Најжена и Најмаж на 21. век“.

Од минатата година оваа манифестација е проширена со избор на најмаж на годината. А, за идејата да се прошири проектот медиумскиот ПР, госпоѓа Кристина Мадиќ, која е и главен и одговорен уредник на Радио „Фокус“ и на порталот „Фокус“ од Белград вели:


„Дамите беа воодушевени од таквата идеја, со оглед дека знаат како се предлагаат и најжените преку анкетен лист на нашиот сајт, кој покажа дека мажите се многу расположени за овој проект. Така бевме навистина позитивно изненадени и ја покажавме вистинската вредност на жената дека таа не е суетна, туку и самите предлагаа успешни мажи за изборот“, вели Мадиќ. 

Таа ја потенцира оправданоста на проектот кој 16 години бил посветен на успесите на жената.

„Имаме дами кои велат дека треба да се ангажираат 20 до 30 проценти повеќе за да се докажат и да добијат ист третман како мажите на истите работни места, на иста функција, на пример, место на директор“, истакнува Мадиќ.
За квалитетот на интернационалната манифестација „Најжена и Најмаж на 21.век“ зборува и големиот интерес кај медиумите. Настанот го покриваат преку 15 портали, радија со национална фреквенција и исклучително гледани телевизии кои се кабловски, национални и сателитски, а кои свеченото доделување на наградите ќе го реемитуваат во текот на Новогодишните и на Божикните празници.
 
Содржината е прочитана 102 пати.