Култура

Изложба на дела од 22. Кичевска ликовна колонија

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на 22. Интернационална кичевска ликовна колонија, која се одржуваше од 4-ти до 18 јули 2015.

понеделник, 02 ноември 2015

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на 22. Интернационална кичевска ликовна колонија, која се одржуваше од 4-ти до 18 јули 2015.

На ИКЛК годинава учествуваа уметници од Казахстан, Турција, Малезија, Северн Кипар, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и од Македонија.

Колонијата се одржува од 1994 година. За културна размена и уметничко творење на уметниците е изграден објект „Куќа на уметноста“ во близина на село Кнежино, шест километри од Кичево.

„Куќата на уметноста“ секоја година прима по околу 30 уметници од целиот свет. ИКЛК поседува богата колекција од над две илјади ликовни дела - слики и скулптури од домашни и странски автори.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 494 пати.