Инфо

ФАО со 1,5 милиони долари ќе реализира четири проекти во Македонија

Еден од проектите ќе треба да ги идентификува загубите на храна кои во Македонија годинава достигнале 80 отсто, додека останатите три регионални проекти се за поголема контрола на штетници, итно справување со африканската свинска чума и креирање политики за рибарство

вторник, 04 декември 2018

Само 13 проценти од вкупното производство на храна во Македонија се доволни за задоволување на домашните потреби, додека останатите 87 отсто може да се извезуваат.

Денеска беа потпишани договори за четири нови регионални проекти на ФАО во вкупна вредност од 1,5 милиони долари. Проектите ќе стартуваат од 2019 година.

Еден од проектите ќе треба да ги идентификува загубите на храна кои во Македонија годинава достигнале 80 отсто, додека останатите три регионални проекти се за поголема контрола на штетници, итно справување со африканската свинска чума и креирање политики за рибарство.

„Македонија учествува во речиси сите регионални иницијативи на ФАО, чија цел е подобрување на животот во руралните средини, олеснување на трговските односи, намалување на процедурите и формалностите, како и поголема конкурентност“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Освен Македонија, во регионалните проекти на ФАО се вклучени и Ерменија, Албанија, Молдавија, Црна Гора…
 

Содржината е прочитана 28 пати.