Култура

Македонски уметници со изложба „Живот“ во Шведска

понеделник, 03 декември 2018

Вкупно 60 ликовни уметници од Скопје кон крајот на минатиот месец, на покана на Културно-спортското друштво „Македонија“ и Женскиот актив при ова друштво од Малме, Шведска гостуваа на изложбата именувана како „Живот“. Изложбата ја предводеше ликовниот уметник Гордана Винчиќ во соорганизација со Лилјана Стоилковска Андовска, претседател на Женскиот актив.

Изложбата ја поздрави претседателот на КСД „Македонија“, Борис Андовски.

Задоволните посетители имаа убава можност да се запознаат со 60-ина ликовни минијатури на реномирани и познати ликовни уметници од Република Македонија, а истовремено и да поразговараат и да ги споделат своите впечатоци за и околу делата и авторите.

Позитивни импресии за изложбата „Живот“ имаше и познатиот шведски и светски новинар и културолог Ule Bergren, кој рече дека впечатоците од изложбата ќе ги објави во шведските медиуми.

КСД „Македонија“ и Женскиот актив во соработка со Сојузот на образованието на возрасните доселеници во Шведска на гостите им додели благоданица како поттик за понатамошна соработка.

 

Содржината е прочитана 30 пати.