Бизнис вести

Катар се повлекува од ОПЕК на први јануари

Оваа држава која е најмалиот произведувач на нафта од сите членки на ОПЕК, но е светски најголем извозник на природен гас во течна состојба, па во својата долгорочна стратегија планира да се фокусира на сопствената гасна индустрија

понеделник, 03 декември 2018

Катар ќе се повлече од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на први јануари 2019 година, изјави катастарскиот министер за енергетика, Саад Шенда ал-Кааби, пренесе државната компанија „Qatar Petroleum“ на својот Twitter профил.

Компанијата, на чие чело е министерот Саад Шенда ал-Кааби објави дека ОПЕК е известен за катарското повлекување од овој нафтен картел.

Катар е најмалиот произведувач од сите членки на ОПЕК, но и светски најголем извозник на природен гас во течна состојба, па во својата долгорочна стратегија планира да се фокусира на сопствената гасна индустрија.

„Одлуката за повлекувањето е одраз на желбата на Катар да се насочи на своите планови за развој и зголемување на производството на природниот гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во претстојните години“, изјави министерот на прес конференцијата во Доха.

„Катар е горд што е на чело на меѓународните произведувачи на природен гас и што е најголем извозник на течен земен гас (LNG), најчистото фосилно гориво, кое на Катар му овозможува силна и флексибилна економија“, го цитира компанијата министерот Шенда ал-Кааби.
 

Содржината е прочитана 194 пати.