Бизнис вести

Нов Форум на добри компании, за „апдејт“ настариот економски систем!

Настанот ќе се одржи на 10 декември во хотел „Мериот“ во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ во партнерство со Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи)

петок, 30 ноември 2018

Улогата што бизнисите, институциите и социјалните претпријатија можат да ја имаат во трансформацијата на стариот економски систем е тема во фокус на новиот, трети по ред, Форум на добри компании, „Нова економија: Бизниситe креираат еколошки, социјални и економски вредности“, што на 10 декември ќе се одржи во хотел „Мериот“ во Скопје.

„Досегашните принципи врз кои што почива традиционалниот економски систем, а во кој природата и човекот се третирани како ресурси за создавање профит и економски раст, доведоа до експоненцијален економски и технолошки развој на човештвото, но, и до катастрофални последици по природата и човекот. ’Оперативниот систем’ на традиционалната економија е застарен и потребен му е ’апдејт’ по којшто тој би резонирал со целите за одржлив развој дефинирани од Обединетите Нации“, наведуваат од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, објаснувајќи го фокусот на годинешниот настан.

Гостите-говорници, кои годинава доаѓаат од Лондон, Единбург, Амстердам, Љубљана и од земјите во регионот, ќе зборуваат за новиот тип на лидерство кој го наметнуваат радикалните поместувања на пазарот, за алатките за креирање успешни деловни одржливи практики (GRI), за примената на блокчеин во одржливите процеси и за новите научни методологии за имплементирање галопирачки организациски и институционални промени.

Meѓу овогодишните главни спикери е Дејвид Грејсон, универзитетски професор, консултант и говорник за одговорен бизнис, корпоративна одржливост, цели и соработка, кој во моментов претседава со националната добротворна организација „Carers UK“, а „Гардијан“ го именуваше како еден од десетте најдобри светски влијателни личности на твитер - за одржливо лидерство.

Настанот „Форум на добри компании“ го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“,во партнерство со Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи), кој се имплементира од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ - www.giz.de) во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и со ЕУ проектот за поддршка на социјалното претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Форумот на добри компании е инициран пред три години како настан кој на едно место ги обединува компаниите, институциите и граѓанскиот сектор, главните засегнати страни за креирање позитивна општествена промена.
Форумот, на кој ќе учествуваат 120 делегати од 8 европски земји – претставници на бизнис секторот, на институции и на социјални претпријатија, ќе може да се следи и преку линк за live video streaming.

Покрај Грејсон, од Холандија во Скопје доаѓа и РумјанаТанева, менаџерка за корпоративно вклучување во известување за одржливост, ГРИ индексот, што сега се користи ширум Европа и во светот за мерење на импактот од деловното работење, Тадеј Слапник од Словенија, поранешен државен секретар во Владата на Миро Церар, а сега претседател на „ЕУ блокчеинхаб“, кој ќе говори на тема: блокчеинтехнологија, како и Кенет Хог, кој ги спроведе најмасивните реформи во блиската историја на шкотската влада.
 

Содржината е прочитана 218 пати.