Инфо

Од утре во БиХ може да се патува без пасош, само со лична карта

Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји стапува во сила на 1 декември

петок, 30 ноември 2018

Од утре граѓаните на Република Македонија ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина без пасош, само со лична карта.

Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји стапува во сила на 1 декември, кога граѓаните од двете држави ќе можат да ги преминат граничните премини со лична карта.

Босанското МНР соопшти дека документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава, кога е регулирано дека Договорот ќе стапи во сила 30 денови по приемот на последниот писмен извештај дека се исполнети внатрешните законски процедури.

Последната потврда на Министерството за надворешни работи на БиХ е примена во Амбасадата на Република Македонија на 23 октомври и како датум за стапување во сила на Договорот е утврден 1 декември 2018 година.

 

Содржината е прочитана 134 пати.