Бизнис вести

„The Banker“: НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија за 2018 година

петок, 30 ноември 2018

Угледниот финансиски магазин „The Banker“ вчера ја прогласи НЛБ Банка за Најдобра банка во Македонија за 2018 година. На свечената церемонија што се одржа вчера во Лондон, на која присуствуваа најдобрите банки од над 140 земји во светот, „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2018 година.

Ова е деветти пат како НЛБ Банка ја добива оваа престижна награда и го потврдува приматот на најнаградувана банка во Република Македонија.

 

Содржината е прочитана 164 пати.