Инфо

Прогласени 10 најуспешни мажи во Македонија за 2018

Изборот „Мажи на годината“ се одржа за прв пат во Македонија, а беше во организација на единствениот онлајн машки магазин „Friday.mk“ и агенцијата за организирање настани „Momentum inc“ со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија и Агенцијата на менаџери на Македонија

четврток, 29 ноември 2018

Во присуство на голем број лица од бизнис секторот, политиката, медиумите и од јавниот живот синоќа беа прогласени 10-те најуспешни мажи во Македонија за 2018 година во 10 категории. Изборот „Мажи на годината“ се одржа за прв пат во Македонија, а беше во организација на единствениот онлајн машки магазин „Friday.mk“ и агенцијата за организирање настани „Momentum inc“ со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија и Агенцијата на менаџери на Македонија.

Изборот го направи жири комисија составена од членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти.

Титулата Маж на годината за 2018 му припадна на докторот Владимир Чадиковски, кој има импресивна богата кариера. Тој истовремено беше добитник и на уште една награда во категоријата Маж со најголем придонес во општеството.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ја доби наградата Маж со најдобар стил. Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов е прогласен за Менаџер на годината за 2018, додека наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец од „Адора инженеринг“.

Бизнисменот Трифун Костовски е прогласен за Маж со трајни вредности, за Маж со најголем придонес во културата е избран режисерот Ѓорче Ставерски, новинарот и водител Огнен Јанески доби награда за Маж во делот на социјални медиуми, а наградата за Маж со најголем придонес во спортот отиде кај Кире Лазаров. За Маж странец во Македонија е прогласен Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

„Вчера ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Многу сме среќни што успеавме да организираме настан на кој имаше навистина убави луѓе. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати и гордо сакаме да најавиме дека и наредната година ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас. Изборот на Маж на годината планира да стане релевантен коректив за сите мажи, да бидат џентлемени кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил, а со тоа овој настан ќе прерасне во традиција“, изјавија организаторите.
 

Содржината е прочитана 421 пати.