Инфо

Енвер Малиќи е почесен конзул на Мексико

среда, 28 ноември 2018

Мексико ќе отвори почесен конзулат во Скопје, а прв почесен конзул на оваа држава во Македонија ќе биде Енвер Малиќи. Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата за отворање почесен конзулат на Мексико во Република Македонија и даде согласност на предлогот на Мексико за именување на Малиќи за почесен конзул.

Енвер Малиќи е актуелен заменик-градоначалник на Скопје. На последните локални избори тој беше втор на советничката листа на ДУИ. Малиќи е познат скопски бизнисмен и еден од најбогатите регистрирани сопственици и стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите луѓе во државата.

Тој е сопственик на компанијата „Гемак трејд“, која во регистарот на Стопанска комора се води како средна компанија којашто се занимава со трговија. „Гемак трејд“ е една од најголемите дистрибутерски фирми во државата и е ексклузивен увозник и дистрибутер на реномирани светски производи меѓу кои и странски алкохолни пијалоци и цигари.

Малиќи е сопственик и на Хотел Парк&Спа на кејот на реката Вардар во Скопје.
 

Содржината е прочитана 441 пати.