Инфо

Рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување рударите ќе имаат бенефициран стаж и ќе одат во пензија со навршени 40 години пензиски стаж за маижи и 35 години за жени

вторник, 27 ноември 2018

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите, во иднина ќе се пензионираат со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи и 35 години стаж за жени.

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување кои ќе стапат на сила веднаш по објавување во „Службен весник“.

„Со овие измени во Законот им излегуваме пресрет на барањата на рударите кои со години наназад го бараат ова. Сега рударите ќе имаат бенифициран стаж и ќе може да се пензионираат со навршување 35 години стаж за жени и 40 години стаж за мажи. Тоа значи дека со новите законски измени рударите ќе можат да се пензионираат на околу 50 години“, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж. Од Министерстсвото велат дека ќе продолжат со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж, за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.
 

Содржината е прочитана 126 пати.