Инфо

Од следната година повисоки стапки на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување

Придонесот за задолжително пензиско осигурување од 2019 година ќе изнесува 18,4 отсто, а за здравствено осигурување 7,4 проценти

вторник, 27 ноември 2018

Од наредната година се зголемуваат стапките на придонесите за задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Владата ги пушти во собраниска процедура измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и предлага да се донесат по скратена постапка.

Законот предвидува постепено зголемување на стапките на придонесите. Во 2019 година стапката за задолжително пензиско и инвалидско осигурување ќе изнесува 18,4 отсто, а од 2020 година 18,8 пероценти. Сега оваа стапка е на ниво од 18 отсто.

Стапката за задолжителното здравствено осигурување догодина ќе изнесува 7,4 проценти, а во 2020 година 7,5 отсто. Сегашната стапка на придонесот за задолжително здравствено осигурување изнесува 7,3 отсто.

Со овие законски измени треба да се обезбедат постабилни приходи на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување и на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
 

Содржината е прочитана 178 пати.