Инфо

Град Скопје побара Државниот инспекторат за животна средина да направи контрола врз работењето на „Усје“

понеделник, 26 ноември 2018

Инспекторатот на Град Скопје до Државниот инспекторат за животна средина поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор врз работењето на Цементарницата „Усје“ откако деновиве имаше зачестени јавувања од граѓани кои алармираа дека Цементарницата го загадува воздухот.

„Во изминатите денови е зголемен бројот на претставки и јавувања на граѓани на телефонските броеви на Секторот Инспекторат на Град Скопје во врска со загадувањето на воздухот, посебно во делот на градот околу АД Титан-Цементарница Усје. Бидејќи се работи за инсталација која подлежи на издавање А интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ваши ингеренции, бараме во најкраток временски рок да извршите контрола и неопходни мерења со акредитирана лабораторија и за резултатите од истите да не известите“, се вели во барањето испратено до Државниот инспекторат.

 

Содржината е прочитана 143 пати.