Инфо

УЈП отвори шалтер за регистрација на е-ПДД во Општина Кисела Вода

Шалтерот се наоѓа во барака бр.4 и ќе има работно време од 8 до 16 часот

понеделник, 26 ноември 2018

Управата за јавни приходи отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД и прием на барања за регистрација во Општина Кисела Вода. Шалтерот е во склоп на Општината е се наоѓа во барака број 4.

Канцеларијата која започна со работа денеска ќе биде отворена до 31.12.2018 година, со работно време од 8 до 16 часот.

Од УЈП соопштија дека за дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на телефонскиот број 0800 33 000.

 

Содржината е прочитана 143 пати.