Култура

Уникатност на модниот бренд „Елена Лука“ и во новата колекција насловена како „IMPACT“

Неделава бевме сведоци на извонредното модно шоу на брендот „Елена Лука“ кој не престанува да не изненадува со својата уникатност, разнообразност и авангардност.

петок, 30 октомври 2015

Неделава бевме сведоци на извонредното модно шоу на брендот „Елена Лука“ кој не престанува да не изненадува со својата уникатност, разнообразност и авангардност.
Вистинска уметност се случуваше на модната писта во Даут Пашиниот Амам во средата на 28.10.2015 година. Моделите како да беа симнати од витрина на порцулански кукли, преоблечени во современи дизајнерски парчиња, дефилираа и будеа чувство за меморијата на убавината од старото и можноста на преобразбата во новото време.

Современите материјали, моќната црна боја збогатена со златни нијанси, како и сјајните детали го потенцираа современиот архитектонски и урбан стил. Само лелеавиот изглед на фризурите ја доловуваше пораката за нежната префинетост на жената низ времињата.

Многу работа во оформувањето на идеите и овој пат се чувствуваше во колекцијата на „Елена Лука“ која не престанува да ја негува модата на највисоко ниво на нашите простори. 

Содржината е прочитана 448 пати.