Инфо

Горивата поевтинуваат за 3,5 и за 4 денари

За 4 денари од литар се намалуваат малопродажните цени на бензините, додека за 3,5 денари на дизелот

понеделник, 26 ноември 2018

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе имаат нови пониски цени за 3,5 до 4 денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намалат за 4 денари по литар. Со тоа од ноќеска литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 65 денари за литар.

Дизелот, според РКЕ ќе поевтини за 3,5 денари од литар и новата цена ќе изнесува 61 денар за литар.

Исто така, за 3,5 денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по 49,5 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа за 3,307 денари по килограм и ќе изнесува 31,826 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 142 пати.