Инфо

Европска агенција за животна средина: „Македонија е најзагадена земја во Европа“

понеделник, 26 ноември 2018

Со загадување 10 пати над дозволеното ниво, Македонија се најде на врвот на листата најзагадени земји во Европа, покажа извештајот на Европската агенција за животна средина.

„Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до десет пати над препорачаните нивоа. Густиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот и сè повеќе луѓе бараат лекарска помош“, објави „Еуроњуз“.

Телевизиската мрежа додава дела Владата презела амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50 проценти во рок од две години.
 

Содржината е прочитана 123 пати.