Здравје/ Убавина

Бесплатно тестирање за ХИВ со брзи тестови во Скопје

Тестирањето може да се направи од денеска до 30 ноември во Младинскиот центар на здружението ХЕРА на Водно, секој ден во период од 17 до 21 часот

петок, 23 ноември 2018

Од денеска па до 30 ноември во Младинскиот центар на здружението ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој ден во периодот од 17 до 21 часот. Со тоа здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување се приклучува на одбележувањето на Европската недела на тестирање за ХИВ, која годинава се одржува под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“.

Од Здружението ги охрабруваат граѓаните да го посетат центарот и да направат ХИВ тест. За подетални информации, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Дали треба да направат ХИВ тест и други информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ, граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација ХИВ тест. Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.

„Дополнително, ХЕРА ќе спроведе кампања на социјалните медиуми која ја поддржаа и јавни личности од земјата. Европската недела на тестирање за ХИВ се одржува во ноември, кој се одбележува како месец на машкото здравје, па со оваа кампања потсетуваме дека тестирањето за ХИВ е особено важно и е дел и од грижата за машкото здравје“, велат од Здружението.
 

Содржината е прочитана 32 пати.