Бизнис вести

„Гранит“ и ЈП за државни патишта потпиша договор вреден 10,5 милиони евра

Градежната компанија ќе работи на рехабилитација на повеќе регионални и локални патни правци

четврток, 22 ноември 2018

„Гранит“ АД Скопје и ЈП за државни патишта потпишаа договор во вредност од 10,5 милиони евра со кој оваа градежна компанија ќе работи на рехабилитација на повеќе регионални и локални патишта во земјава, беше објавено на сајтот на Македонска берза.

Оперативата на „Гранит“ е ангажирана на рехабилитација на патните правци Jурумлери-Драчевo, Битола-Демир Хисар и Драчево-Орешани-Таор. Вредноста на овој договор кој треба да биде азвршен за осум месеци е над 3,4 милиони евра.

За 3,3 милиони евра и исто така за осум месеци „Гранит“ треба да ги рехабилитира и делниците Делчево-Звегор, Делчево-Пехчево и Берово-Виница.

Во последниот лот накој ќе работи „Гранит“ се делниците Струмица-Ново Село, Кавадарци-Росоман и Фурка-Богданци-Гевгелија. Вредноста на овој ангажман кој треба да заврши за период од 12 месеци изнесува 3,7 милиони евра.

 

Содржината е прочитана 250 пати.