Инфо

Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Цените за рекреативно лизгање се 100 денари со сопствени и 150 денари со изнајмени лизгалки

четврток, 22 ноември 2018

Утре, петок 23 ноември, се отвора лизгалиштето што е во рамки на СЦ „Борис Трајковски“. Сите љубители на рекреативното и на уметничкото лизгање и на хокејот имаат можност да уживаат и да рекреираат во најдобри услови досега на најдобро подготвениот мраз по светски стандарди.

Од СЦ „Борис Трајковски“ информираат дека очекуваат многу натпревари во хокеј и во уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери.

Исто така, годинава ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти - 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени.

Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да се лизга од 10 до 22 часот, со мали паузи од 16 до 19 часот кога ќе има хокеј тренинзи.

За викенд целодневно ќе може да се ужива во рекреативно лизгање.
 

Содржината е прочитана 161 пати.