Инфо

УЈП отвори шалтери во Ѓорче Петров и во Аеродром за регистрација на е-ПДД

Шалтерот во Ѓорче Петров е во зграда на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), додека во Аеродром шалтерот се наоѓа во општинска зграда на втори кат

среда, 21 ноември 2018

Управата за јавни приходи отвори два дополнителни шалтера за регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и за прием на барањата за регистрација. Едниот шалтер е во Ѓорче Петров, а другиот во Аеродром.

Шалтерот во Ѓорче Петров се наоѓа во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), додека во општина Аеродром, шалтерот се наоѓа во општинска зграда на втори кат.

Канцелариите на УЈП во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе бидат отворени од 19.11.2018 година до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 16.00 часот.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на бројот 0800 33 000.
 

Содржината е прочитана 237 пати.