Култура

Одбележување 50 години Светска галерија на карикатури и ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2018

Во четврток во Чифте амам ќе бидат врачени награди и признанија на уметници, карикатуристи и соработници на ОСТЕН уметност на хартија

вторник, 20 ноември 2018

По повод одбележувањето 50 години Светска галерија на карикатури и ОСТЕН Биеналето на цртеж Скопје 2018, во четврток со почеток во 19 часот во Чифте амам ќе се одржи ретроспективна изложба „50 години СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ (1969-2019)“ како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од ОСТЕН Биеналето на цртеж Скопје 2018. Истовремено ќе бидат врачени и награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на ОСТЕН уметност на хартија.

Изложбата ќе ја отвори премиерот Зоран Заев ко ј е и покровител на настанот. На отворањето ќе присуствуваат уметници и карикатуристи од целиот свет.

Награди ќе им бидатт врачени на следните уметници:

Родољуб Анастасов, Македонија, Пасквале Селона, Италија, Себастијан Лубински, Полска, Барбара Крол, Германија, Агњешка Х. Јанкиевич, Полска, Дарко Талески, Македонија, Херман Нордермер, Холандија, Харис Кондосфирис, Грција, Тијана Којиќ, Србија, Трајана Панајотова, Бугарија, Светла Радулова, Бугарија, Олга Тобрелуц, Русија, Петре Николоски, Обединето кралство, Ахмет Албајрак, Турција, Босук Ли, Јужна Кореја, Франко Векиет, Италија, Милан Андов, Македонија, Невзат Бејтули Кица, Македонија, Хелен Шулкин, Германија.

Награди ќе добијат и карикатуристите:

Владимир Боројевиќ, Македонија, Недељко Убовиќ, Србија, Дамир Новак, Хрватска, Дарко Дрљевиќ, Црна Гора, Лука Лагатор, Црна Гора, Ратко Маричиќ, Хрватска, Иваило Цветков Бугарија, Милко Диков, Бугарија, Златко Крстевски, Македонија, Блаже Докулески, Македонија.

Повеќе информации може да се добијат на www.osten.mk


 

Содржината е прочитана 35 пати.