Бизнис вести

За девет месеци договорени 40,3 отсто помалку градежни работи во странство

вторник, 20 ноември 2018

Македонските градежници имаат се помалку работа во странство. Нови проекти ретко се договараат, а се работи само на реализација на веќе почнатите договори.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во периодот јануари-септември 2018 година вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува нешто над 1,2 милијарди денари што е за 40,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во првите девет месеци од оваа година македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вкупна вредност од 1,1 милијарди денари, односно за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Зголемен обем на извршените градежни работи имало во Босна и Херцеговина, Холандија и во Србија.
 

Содржината е прочитана 150 пати.